Груевски: ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со убедлива победа на следните избори

Многумина тргнале против ВМРО во овие 123 години, но попусто. ВМРО и Македонија ги преживеаја сите кризи, ултиматуми, уцени, местенки, удари. ВМРО и Македонија преживееја и децении репресија, рече Груевски во своето обраќање.

-ВМРО е тука затоа што тоа е желба и избор на нашиот народ. И сечии обид да се погази народната воља, да се скрши ВМРО ќе заврши со неуспех. ВМРО ќе биде таму каде е, се додека работи чесно, напорно и држи до дадениот збор пред народот. Живееме во демократија. Нормално, еден ден, народот ќе даде шанса на друга партија да ја води државта, а ВМРО ќе отиде во опозиција и пак ќе се бори за Македонија. И пак потоа ќе дојде на власт. И партиите ќе се борат,ќе победуваат и губат, но ќе се борат со мудрост, со идеали, со конкурентни идеи, со разум, со проекти и реформи, со политики и активности за добробит на народот. А не со валкани игри и манипулации…

На следните парламентарни избори, денес сите знаат, и младо и старо, и машко и женско, и тие кои не сакаат и подржуваат, и тие кои не мразат или презираат, и тукашни, и дојденци, и надворешни и внатрешни, победник на следните парламентарни избори, со убедлива подршката на мнозинството народ во оваа земја ќе биде ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Груевски.