сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 5

Рангелова: Жената секогаш била, е, и ќе биде столб на нашето општество

daniela-rangelova

Последни вести

Претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, на денешната 16-та по ред Годишната конференција истакна дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ има континуиран растеж изминативе години.

Таа потенцира дека напорно се работеше на афирмацијата на жената во сите полиња, како и дека жената секогаш била, е и ќе продолжи да биде столб на општеството.

-Унијата на жени е еден од поважните столбови на ВМРО-ДПМНЕ, рече таа.

-Унијата на жени остана на висината на задачата да биде на браникот на нашата таковина кога и да е потребно, а минатата година го докажавме тоа. Унијата на жени, измiнатата година допре до секој град, подадовме рака каде што требаше и го прифативме секој што сакаше да ни се придружи, рече Рангелова.

Енергијата, волјата и искуството, потенцираше Рангелова, секојдневно растат.

-Жените го препознаваат најбројното женско семејство, бидејќи ние прво функционираме како семејство, а потоа како политичка организација. Ние сме со народот и меѓу народот, ние одиме на избори и заеднички со народот ќе одлучиме кој ќе ја води нашата држава во иднина. Силни и обединети, на 24 април ќе ја покажеме силата која е насочена кон големите дела, кои ќе значат сигурност за нас и нашите семејства, додаде претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

Најчитани вести