Вулкан на Камчатка се активира четврти пат

Вулканот Жупановски, кој се наоѓа на рускиот полуостров Камчатка, утринава по четврти пат изминатава недела исфрли пепел во висина од четири километри над морското ниво, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Самиот вулкан е висок речиси 3.000 метри и се наоѓа на 100 километри северно од градот Петропавловск-Камчатски.

При претходните активирања облакот од пепел достигнал 8.000 метри.

По денешната појава веднаш е активиран портокаловиот сигнал за опасност за воздушни летови во регионот, а на туристичките агенции им е препорачано да не организираат тури во областа околу вулканот, пренесува МИА.

Последен пат Жупановски се активирал во 1956-1957 година и досега никогаш немал катастрофални последици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.