Сомнителниот куфер во Косовска Митровица бил празен

Сомнителниот куфер оставен на улица во Косовска Митровица бил празен.

Улицата е одблокирана, а куферот е уништен поради безбедносни причини.

Полицијата изутрината блокираше дел од улицата поради сомневањата дека во оставениот куфер се наоѓа експлозив.

Регионалниот шеф на оперативната Косовска полиција, Жељко Бојиќ изјави за Танјуг дека куферот бил празен, но по проверката на содржината, која ја спровеле специјализираните сили од безбедносни причини, уништен е на лице место.

– Куферот беше празен, но бидејќи со рентгенскиот преглед е утврдено дека во конструкцијата се наоѓа метална шипка, куферот од безбедносни причини, со мала количина експлозив е безбедно уништен на лице место, рече Бојиќ.