петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 55

Нови 2.835 потврди за мигранти за 24 часа

migranti

Поврзани вести

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатите 24 часа издало потврди за остварување на правото на азил на 2.835 странски државјани, од кои 1.048 се мажи, 655 се жени  и  1.132 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.597, Авганистан–656  и Ирак-582 .

Од почетокот на 2016 година, издадени се потврди на вкупно 44.062 странски државјани, од кои 18.447 се од машки пол, 9.486 се од женски и 16.028 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-22.196, Авганистан-13.766 и Ирак-8.097.

 

 

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 25.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

 

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 25.01.2016 година, до Секторот  за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

 

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 25.01.2016 година евидентирани се вкупно 22 баратели на азил од кои 19 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири малолетни лица без придружба на старател   се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Најчитани вести