Катз: Македонија постигнува значителни економски резултати

Дејли Колер, еден од водечките интернет весници во Вашингтон, објави колумна од Џејсон Катз, кој повикува дека е крајно време САД да дадат поддршка за приемот на Македонија во НАТО и во Европската Унија.

Катз посочува на економскиот и политичкиот напредок на Македонија и укажува на драматичното влошување на бегалската криза во Европа, што според него бара неодложно зацврстување на регионот и деблокирање на македонските интеграции.

– А ретки се државите во Југоистична Европа, по распадот на Југославија и балканските војни, кои постигнале толку сериозен политички, економски и дипломатски напредок како Република Македонија. Само 10 години по изборот на Никола Груевски за премиер, оваа република со малку над два милиони жители, постигна значителен економски раст и го унапреди својот статус како држава. Светската Банка ја рангира Македонија како 12-та држава во светот и 6-та во Европа по поволностите за водење на бизнис. Пред доаѓањето на Груевски на власт, Македонија беше пласирана 94-та. Дополнително, стапката на невработеност, која е главен економски и политички проблем во Југоисточна Европа, падна од 40 на 25 проценти, со 150.000 нови работни места отворени во мандатот на Груевски. Во изминатите години, Македонија исто така постигна значителен напредок во областа на владеењето на правото, на заокружување на демократскиот систем на владеење, евро-атланските интеграции и во отпочнувањето на процесите за прием во Европската Унија и НАТО, пишува Катз.

Во текстот се наведува дека, во рамките на политичкиот договор поддржан од Европската Унија, се подготвуваат избори, на кои се очекува Груевски да биде реизбран за претседател на Владата, по предвиденото повлекување на три месеци пред изборите кое е со цел да се обезбеди коректноста на процесот, но и да се спречи опозицијата да го наруши изборниот процес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.