Ивор Мицковски со нова шлаканица за СДСМ

Непотребно и крајно непродуктивно се нафрлате врз Хан. Демек Хан е креаторот на ставовите и позициите на ЕУ и САД кон Македонија. Сте размислиле ли на момент, чија е оваа каша, кој го ова направи, и кој и какви грешки направи во целиот преговарачко-договарачки процес? Ние ова си го направивме, не Европа, не САД, не Хан. Сте помислиле ли зошто меѓународната заедница не гледа партнер во ЗЗ и РШ иако играше и преотворено на страна на опозицијата? Зошто опозицијата не испорача, или не испорачува ништо од тоа што ветуваше, туку напротив, се крие зад техникалии, кои види чудо, самата ги договара и одобрува. Сите сме нервозни и исфрустрирани од тоа како течат работите, но тоа не треба да ни ја помати објективноста, или слепо да бараме други виновници за нашата мизерија. Конечно, сум кажал илјада пати, овој режим со договори не го буткаш. Овој режим го буткаш со енергија, со револт, со улица, со психолошки моментум, со жртви, а потоа, го тераш веќе прегазен да излезе на избори и го победуваш без разлика колку претходно создал услови за крадење. Освестете се, пишува опозицискиот колумнист, Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил.

ivor-mickovskifb