Катз: Заев е причина за кризата во Македонија

Во колумната на Џејсон Катз, објавена во „Дејли Колер“, еден од водечките интернет весници во Вашингтон, се наведува дека, во рамките на политичкиот договор поддржан од Европската Унија, се подготвуваат избори, на кои се очекува Груевски да биде реизбран за претседател на Владата, по предвиденото повлекување на три месеци пред изборите кое е со цел да се обезбеди коректноста на процесот, но и да се спречи опозицијата да го наруши изборниот процес.

– Причината за овие избори е опозицискиот лидер Зоран Заев, кој се сомничи за поврзаност со ланскиот обид за државен удар поддржан од странство, и кој е осомничен и под активна истрага за илегално прислушување, уцена на владини функционери, вклучително и Груевски, како и за долга низа други кривични дела. Заев, по се изгледа во обид да ги држи во заложништво изборите поддржани од Европската Унија, повторно се заканува со нивен бојкот. Независно од се, Груевски повторно ќе се кандидира за премиер и се очекува да победи, имајќи ја предвид неговата исклучителна популарност и оценките за првокласно водење со државата. Груевски би требало да се врати назад на возачкото седиште за помалку од 100 дена, пишува Катз.

Катз додава дека, и покрај тоа што за разлика од земји како Грција, Македонија не може да смета на целосната поддршка на НАТО и ЕУ во справувањето со бегалската криза, македонските власти сепак постапиле хумано и во согласност со европските стандарди, обезбедувајќи безбеден премин на огромен број бегалци.