ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остави долг од 150 милиони евра и НУЛА проекти

СДСМ знае дека денес не сме се задолжиле со „нови 10 милиони евра“. Издавањето на државни хартии од вредност е по принцип на издавање на нови аукции за покривање на доспеаните обврски од старите. Тоа СДСМ би требало да го знае бидејќи СДСМ ги воведе државните хартии од вредност.

Кога СДСМ зборува за неодговорноста, веројатно зборува за 150-те милиони евра долг оставен од СДСМ со кој се направија НУЛА проекти во Македонија, а кој оваа Влада го исплати минатиот месец, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштението Ви го пренесуваме интегрално

СДСМ уште еднаш докажа дека нема дно кое не може да го пробие.

СДСМ продолжува со обидите да ја лаже и манипулира јавноста.

Во СДСМ се свесни дека не ја говорат вистината, но веќе два месеци продолжуваат со истите приказни.

Знае СДСМ дека денес не сме се задолжиле со „нови 10 милиони евра“. Издавањето на државни хартии од вредност е по принцип на издавање на нови аукции за покривање на доспеаните обврски од старите. Тоа СДСМ би требало да го знае бидејќи СДСМ ги воведе државните хартии од вредност.

Кога СДСМ зборува за неодговорноста, веројатно зборува за 150-те милиони евра долг оставен од СДСМ со кој се направија НУЛА проекти во Македонија, а кој оваа Влада го исплати минатиот месец.

Кога СДСМ зборува за страшливост, најдобро е да ја анализира зајачката храброст на целиот тим од Бихаќка и уплавот од соочување со гласот и одлуката на народот.

Знае СДСМ дека одлуката на народот ќе биде брутална по нив, бидејќи народот не ги купува нивните лаги и манипулации.

На 24-ти април ќе биде ставен крај на ваквото деструктивно манипулаторско однесување на СДСМ, стои во соопштението.