Формирана “Групата на пријатели на Македонија во ЕП” со 26 европратеници

Со хрватската европратеничка Маријана Петир како нејзин претседател, вечерва во Европскиот парламент во Брисел беше формирана Група на пријатели на Македонија во Европарламентот, составена од 26 европратеници, јави дописникот на МИА од Брисел.

И покрај заканите, уцените и притисокот од тројца европратеници од грчката неофашистичка партија Златна Зора, кои заедно со нивните асистенти ги фотографираа, снимаа и им се закануваа на присутните, меѓу кои и на дописнико на МИА од Брисел, вечерашната промоција во европскиот законодавен дом мина во пријатна атмосфера каде доминираше пријателството на Брисел и македонската држава.
            
–  Ги повикуван сите пратеници од сите политички опции и земји што ја сакаат Македонија и нејзиниот европски пат и кои му сакаат добро на македонскиот народ. Основна цел е да се обидеме да помогнеме за Македонија да ги отвори преговорите оти сметаме дека 10 години земјата е неправедно во чекалната. Сметаме дека и ЕУ ги прекршува добрите обичајни правила кога прифаќа билатерално прашање да биде препрека на отворање на преговорите, истакна европратеничката Петир во изјава за МИА.
            
Запрашана за притисоците и уцените од грчките неофачистички европратеници од Златна Зора, кои заедно со нивните асистенти во Европарламентот се обидоа да го попречат формирањето на Групата на пријатели на Македонија, хрватската европратнеичка со реакција:
           
– Македонија е призната како Македонија и под тоа уставно име и во Република Хрватка, а јас доаѓам оттаму. Сосема е логично Република Македонија да ја нарекуваме со нејзиното вистинско име. Ми се чини дека е непримерно за каква било реакција да испраќаат тие што на својот ѕид во Атина ја имаат сликата на воен злосторник (н.з. Аркан) и симболи и знаци што претставува времиња и опции што тие злостори ги вршеа. Ги повиквуам грчките колеги да се вклучат во нашата група на пријателство, бидејќи низ дијалог може да ги решаваме проблемите, а не со закани или обвиненија и грди зборови оти тоа нема да не донесе до решение, искрена е Петир.
            
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, пак посочи дека овој настан во ЕП, вечерва потврдува дека е чекор кон остваруавњето нашата држава да ги почне пристапните преговори“.
– Значајно е тоа што Европарламентот, како институција која во подолг временски период го поддржува пристапот за почеток на преговорите со Македонија  дека ние имаме група на пријатели што стојат принципиелно зад ставот дека е неопходно да се исполни европскиот дел од обврската. Македонскиот дел е се уште поврзан со целосно спроведување на политичкиот договор и реализацијата на изборите што се дел од него, а европскиот дел е дека потоа треба да биде донесен извештај што ќе даде конкретна препорака за отпочнување на членство со Република Македонија, порача министерот Попоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.