„Пресе“: Центар за џихадисти во околината на Љубљана

„Пресе“: Центар за џихадисти во околината на Љубљана
„Пресе“: Центар за џихадисти во околината на Љубљана

Според разузнавачки информации – терористички келии и кампови нема само во Сирија, туку и во Европската унија и на Балканот, објави австрискиот весник „Пресе“, пишува МИА.

Весникот наведува дека терористички келии и кампови има во босанското село Горња Маоча, кое е под контрола на вехабии.

„Пресе“ посочува и дека во Словенија, од кога се отворени границите, влегле повеќе припадници на Исламска држава, кои во шумите во околина на Љубљана вежбаат гаѓање од огнено оружје. Тие се салафисти од Германија, од Луксембург, од Словенија и од Австрија. Салафистите од предградијата на Љубљана веќе испратиле борци во Ирак и во Сирија.

– Програмата на ИД за тренирање на борци е многу професионална, а радикалните исламисти имаат прирачник за герилско војување од 70 страници. Од прирачникот регрутите учат како да убијат ладнокрвнo и без емоции, наведува „Пресе“.

Словенечката полиција соопшти дека нема никакви информации за постоење центар за тренинг на џихадисти во шумите во близина на Љубљана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.