четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 87

Симптоми кои укажуваат на полицистични јајници

Fitness Time

Последни вести

Јајниците се полов орган задолжен за репродукција, но и за одржување рамнотежа на половите хормони кои ги произведуваат. Тие го регулираат менструалниот циклус, овозможуваат созревање и отпуштање на јајцевите клетки, а исто така ги произведуваат хормоните естроген и прогестерон. Синдромот на полицистични јајници, освен што предизвикува неплодност, мже да доведе и до низа други проблеми.

Еве некои од симптомите на полицистичните јајници…

Нарушен менструален циклус

Менструалниот циклус кај заболените обично е без овулација, односно без месечно созревање на јајце клетките, што може да биде причина за обилни функционални крварења. Хроничната ановулација или потполното изостанување на менструацијата се најјасен показател за постоење на полицистични јајници, како и зглемено ниво на машки полови хормони.

Заболените жени мораат редовно да одат на контрола и да се лекуваат во текот на целиот живот, бидејќи оваа болест е поврзана со низа ризици: анемија, разлини крварења од матката, спонтан абортус, задоцнета менопауза, пореметување на количината маснотии во крвта, болести на срцето и крвните садови, зголемен крвен притисок, ризик од заболување на рак на ендометриумот и јајницит.. Синдромот полицистични јајници исто така е поврзан со нечуствителноста на инсулин, поради што ризикот за заболување од дијабетес  кај овие жени е зголемен за 16 отсто.

Промена на кожата и косата

Кај жените со полицистични јајници често доаѓа до појава на акни на лицето, како и опаѓање на косата.

Исто така може да дојде и до промени во пигментацијата на кожата, односно до појава на темни флеки во пределот на вратот, пазувите и препоните.

Гојазност

Полицистичните јајници може да предизвикаат нерамнотежа на нивото на хормони кои го намалуваат делувањето на инсулинот, го забавуваат метаболизмот и предизвикуваат желба за внесување шеќери и јагленихидрати, поради што доаѓа до гојазност и тоа особено во пределот на стомакот. Дури 60 отсто од жените со овој синдром има пореметување во телесната тежина.

Неплодност

Неможноста за забременување може да биде еден од првите знаци на полицистичните јајници. Бројните студии покажале дека губењето на 10 до 15 отсто од телесната тежина ја подобрува функцијата на јајниците и доведува до појава на овулација и редовен менструален циклус што ја олеснува спонтаната бременост.

Токму затоа, на заболените жени кои сакаат да останат бремени им се советува да конзумираат обилен појадок и мали оброци за вечера со што ќе го регулираат нивото на инсулин, но и вишокот килограми.

Алтернативно лекување

Алтернативните методи на лекување подразбираат здрава исхрана и промена на лошите животни навики. Се препорачува конзумирање на храна богата со основните масни киселини, протеини…Во дневната исхрана вклучете житарки, овошје и зеленчук, протеини, а контролирајте го внесот на јаглехидратите и мастите. Контролирајте го внесот на калории, подолго џвакајте ја храната и почекајте 20 минути по оброкот да видите дали сакате да јадете нешто слатко.

Покрај слабеењето, важни се и други фактори на начин на живот, како што е физичката активнос, престанувањето со пушење и конзумација на алкохол и освојување на здрав начин на живот. Задолжително појадувајте за да го активирате метаболизмот, пијте многу течности и редовно рекреирајте се.

 

 

Најчитани вести