Спасов: Ременски да прекине со блокирање на проектите на министерството!

Управниот суд донесе времена одлука со која ги стави вон сила решенијата за разрешување на 15 директори на Центрите за социјална работа и јавните установи од страна на министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски.

Ова денеска го истакна заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на отворањето на пензионерскиот клуб во Волково.

Иако техничката министерска  се обиде преќутно, нетранспарентно и незаконски во очи на божикните празници да разреши 15 директори на центри за социјална работа и јавни установи, полека но сигурно овој случај добива правна разрешница. Ние ги искористивме сите правни средства и правни механизми да го утврдиме и докажеме незаконскоро разрешување на директорите. Исто така да се утврди прекршувањето и на административните процедури и поднесовме 15 тужби до надлежниот суд, истакна Спасов.

Тој ја повика министерката Ременски да престане со, како што рече, деструктивното однесување, со блокирање на дел од проектите на Министерството и да се зафати со работата за што е именувана, односно за организација на предвремените извбори во април оваа година.

Во решението за времена мерка се забранува на министерот за труд и социјална политика, Ременски, да презема дејствија во врска и по повод донесените решенија за разрешувања на директор и решенијата со кои назначува в.д директори до донесување на правосилна одлука по тужбата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.