Јункер: За Македонија се обезбедуваат средства и механизми за контрола на границата и земјaта може да ги враќа нерегуларните мигранти

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, во писмото-одговор до премиерот на Словенија Миро Церар, што му го испрати вчера, а кое го МИА го објавува во целост, наведува дека Еврокомисијата е посветена да и помогне на Република Македонија во зачувување и набљудување на границата. Притоа, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, тој му вели на словенечкиот премиер дека „е прифатлив” неговиот предлог, а кој на 18-ти овој месец беше дека Словенија бара ЕУ и Шенген-зоната „да ги бранат своите граници во Македонија, а спроти Грција”.

На почетокот во писмото, Јункер му се заблагодарува на словенечкиот премиер за неговото писмо од 18-ти јануари во однос на бегалската криза долж западно-балканската рута. Притоа, претседателот на Еврокомисијата го известува дека ова прашање е од итен приоритет и за неформалната Влада на Европската унија, што, според него е покажано и со договорот на неформалниот Самит на лидерите на државите долж оваа рута на 25 октомври минатата година и договорот постигнат на истиот, како и дека по Самитот, на неделна база се остваруваат видео-конференции меѓу определените контакт-лица од овие змеји, меѓу кои и Република Македонија.

На премиерот Церар, Јункер му вели дека „се согласува со него дека Грција е под огромен притисок” и дека „Комисијата прави невидени напори за да и помогне на Грција, на местото на настаните и финансиски”. Првиот човек на ЕК му напоменува на премиерот на Словенија дека на Самит на Европскиот совет идниот месец ќе ги извести шефовите на земјите-членки на ЕУ за состојбата, за солидарноста на ЕУ-земјите и брзината на релокацијата на бегалците.

– Ова е единствен начин да ја постигнеме нашата цел за да ја вратиме состојбата на целосно функционални граници. Грција игра целосна улога во Заедничкиот европски азилантски систем и во враќањето на Шенген-зоната во нормална состојба без преивремените гранични контроли на внатрешните граници – му вели Јункер на Церар.

Претседателот на Еврокомисијата, во писмото му поосчува на премиерот на Словенија дека тој „целосно се согласува дека е клучно за мигрантите да добијат можност да аплицираат за меѓународна заштита”. Притоа, Јункер му напоменува дека во случај тие да одлучат да не го сторат тоа, дека тоа значи дека не им треба заштита и со тоа би можело истите лесно да бидат вратени во нивните земји на потекло или во транзитните земји. Жан-Клод Јункер, исто така, посочува дека дел од поддршката на ЕК на Грција е грантот од 2,5 милини евра за итна помош на грчката полиција (за принудните враќања) и на Меѓународните организации за миграција (за доброволни враќања за период од шест месеци).

– Речиси 1.200 нелегални мигранти веќе аплицирале за помош за доброволно враќање во рамки на оваа програма. Ова е во комбинација со нашата работа да и помогнеме на Грција во идентификувањето на нелегалните мигранти и нивно ефективно враќање преку заеднички операции со Фронтекс (“Европска гранична служба”). Сето ова треба да се интензивира, вели Јункер во писмото.

Сепак, претседателот на ЕК потоа го известува Церар дека „зголемениот проблем со нелегалните мигранти што од Грција влегуваат во западно-балканската рута бара поголеми напори”. Притоа, тој посочува дека есенцијален елемент во европскиот одговор на кризата е да се има “поефективно враќање на нелегалните мигранти низ ЕУ”. Според Јункер, потребно е систематско и брзо враќање на тие што немаат потрбеа од меѓународна заштита со цел „да се гради јавна доверба и да се фокусираат ресурсите на невидено високата бројка на оригинални бегалци”. Тоа би требало да испрати јасна порака до партнерите од третите земји, посочува Јункер и додава дека Комисијата, заедно со Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) се посветуваат на реадмисијата на нерегуларните мигранти кон Пакистан, Бангладеш, Афганистан и Северна Африка.

Во исто време, според Јункер, се прават напори за поддршка на враќањето на нерегуларните мигранти од Грција кон Турција, како земја од каде пристигнале најголемиот дел од бегалците на тлото на Европската унија. Па, така, додека договорот за редмисија меѓу ЕУ и Турција не биде потпишан, Јункер препорачува реадмисијата да се одвива според постоечкиот билатерален договор за реадмисија меѓу Турција и Грција.

– Комисијата во моментов истражува со Грција за тоа каква поддршка е потребна за во иднина со цел систематско враќање на мигрантите шт не се квалификувани за азил. Фронтекс е подготвен да обезбеди експерти и техничка помош за Грција во процесуирањето на враќањето на мигрантите.

Во однос на предложената одредба за “дополнителна директна помош за Македонија да ја засили контролата на својата граница со Грција”, претседателот на ЕК му пишува на словенечкито премиер дека “е важно да се знае дека сегашните закони на Унијата не дозволуваат испорачување на полицајци во рамки на заедничката операција на Фронтекс на територијата на трета земја”. Овој, како што Јункер го нарекува “недостаток” е разгледуван во однос на предлогот на ЕК за воспоставување на регулација на европската граница и на крајбрежна стража, што би требало наскоро да биде усвоен од Европскиот совет и од Европскиот парламент.

– Со оглед на оваа лимитираност, алтернативни средства за помош од Фронтекс на БЈР Македонија се во моментов во подготовка, за засилување на менаџирањето на границата на земјата и на азилнатските капацитети. Вашата добра сугестија коинцидира со посетата на заедничкиот тим на Комисијата и Фронтекс на земјата во периодот од 20 до 22 јануари за оценка на потребите на земјата во поглед на гранична контрола, вклучително и набљудувањето на границата, пишува Јункер.

Во дополнение, претседателот на неформалната Влада на Унијата пишува дека веќе вчера, Фронтекс ја поддржува заштитата на границата меѓу Грција и Македонија преку помош на грчките власти. Според Јункер, оперативен план бил веќе договорен меѓу Фронтекс и Грција за испорака на експерти на границата со Република Македонија. Тој потврдува и дека прелиминарен тим е веќе на место за да започне со имплементација на оперативниот план и дека е потребно оваа операција да биде помогната со дополнителни ресурси.

– Јас ја поздравувам сугестијата на сите земји-членки на ЕУ да обезбедат помош на властите на БЈР Македонија за контрола на границата со Грција преку преместување на офицери за засилување на полијата и законите, како и на дополнителна опрема. Знам дека во Словенија, слична мобилизација на помош е организирана на билатерално ниво меѓу Словенија и почитуваните земји-членки. Вашето искуство може да биде од посебен ќар за да се изградат првите чекори во обезбедувањето на лесна и ефективна испорака и во БЈР Македонија – му пишува Јункер на Церар.

Генерално, претседателот на Еврокомисијата наведува во писмото до шефот на словенечката Влада дека Комисијата обезбедила финансиска помош за Македонија во справувањето со бегалската криза. Тој споменува 2,6 милиони евра директна хуманитарна помош што е веќе обезбедена и 14,2 милини евра со дополнителни 25 милиони евра што се подготвени, за долготрајна помош во област ана миграцијата, азил и менаџирање на границата.

– На 1 јануари 2016 година, ЕК започна со имплементација на програма за повеќе земји за менаџмент на миграцијата во соработка со Фронтекс и со Канцеларијата за европска азилантска помош, со посебен фокус на БЈР Македонија, вели Јункер.

Тој му вели на Миро Церар во писмото дека Словенецот побарал “да се дефинира заеднички критериум за да се утврди подобноста за влез набегалци во Европската унија”. Во овој поглед, според Јункер, на состанокот ан шефовите на државите долж западно-балканската мигрантска рута на 25 октомври 2015 година, договорено е земја д аможе да одбие влез на личности од трети земји кога тие ќе пристигнат на граница, а кога нема д аизразат желба да аплицираат за меѓународна заштита. Тој вели дека земјите-членки треба да ги одбиваат тие што не ги задоволуваат условите за влез, вклучително и лица со националност на трети земји кој не аплицираат за азил. А, за земјите-членки на Униајта што веќе воспоставија гранична контрола, тој вели дека треба да одбиваат влез на оние што не ги задоволуваат условите за влез.

– БЈР Македонија и другите не-ЕУ земји на зпаадно-балканската рута треба да го прават истото во рамки на нивните национални закони, со тоа што ќе ја почитуваат својата обврска според меѓународното право во однос на основните права и азилот. Тоа значи дека или бегалецот ќе аплицира за азил и ќе ги исполни критериумите да добие оргиинален азил според законите или тоа лице ќе се смета дека не ги исполнвуа условите да влезе на територијата, пишува Јункер.

Во исто време, претседателот на Еврокомисијата вели дека е договорено да се обесхрабри движењето на бегалците или мигрантите на границите на други земји во регионот и дека политиката на пренос на бегалците без информирање на соседната земја е “неприфатливо”. Токму затоа, Јункер “ги охрабрува” земјите-членки на ЕУ, но и оние што не се во Унијата, а се на западно-балканската мигрантска рута, да спречуваат лица од трети земји да ја напуштат нивната територија на неавторизиран начин со премин преку граница надвор од граничните премини или рпед д абиде утврден нивниот легален статус.

– Признавам дек аимплементирањето на вакви принципи е предизвикувачки во сегашните околности, посебно поради потребата од конзистентност долж рутата, но во секој случај мерките трбеа да се хармонизирани со другите ЕУ-земји, пред се за релокација и мерките за преселба. Колку што можеме д аобезбедиме кредибилна и ефективна поддршка на оние што имаат потреба од меѓународна заштита, толку помалку тие ќе чувствуваат потреба да преминуваат преку нелегални премини – заклучува Жан-Клод Јункер.

Во заклучокот, претседателот на Европската комисија му пишува на премиерот на Словенија дека му благодари за сугестиите и потцртува дека “треба да се задржи моментумот за да се интензивира работат ана западно-балканската рута”. Според Јункер, тоа бара посветеност на сите актери, на земјите-члени на ЕУ, третите земји, институциите на ЕУ и агенциите на Унијата, со цел да се подобри ситуацијата. Во својот дел, тој вели дека Комисијата е одлучна да продолжи со напорите да ја решава бегалската криза на рутата и дека конзистентен и координиран европски пристап е “единствен начин за да се обезбедат одржливи резултати”.