четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 49

Промоција на нова електронска услуга – електронски потврди за ортопедски помагала

Промоција на нова електронска услуга – електронски потврди за ортопедски помагала

Промоција на нова електронска услуга – електронски потврди за ортопедски помагала

Последни вести

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија секојдневно ја унапредува работата и комуникацијата со осигурениците и овозможува полесен пристап до услугите со воведување на новости во своето работење. Една од стратешките определби на Фондот за здравствено осигурување на Македонија се електронските услуги со кои се дава можност на брз и ефикасен начин услугите да бидат достапни за сите осигуреници, фирми и здравствени работници. Најголемата придобивка од воведувањето на е-услугите е што корисниците ќе можат да ги користат од ординациите односно од своите работни места, наместо да доаѓаат на шалтерите во подрачните служби на Фондот.

Денес сакаме да ве информираме дека Фондот за здравствено осигурување го прогласува месец Февруари за месец на електронски услуги во Фондот за здравство. Во текот на месец февруари ќе промовираме сет од 15 електронски услуги, со што околу 90% од тековното работење и услугите  кои ги обезбедува Фондот ќе станат достапни и по електронски пат. Тоа значи дека услугите за кои граѓаните доаѓаа на шалтери, чекаа, трошеа време, пари за превоз, сега истите ќе можат да ги остварат по електронски пат. Согласно статистиката и анализите направени во Фондот за здравствено осигурување, на годишно ниво повеќе од 1 милион граѓани односно осигуреници дошле во подрачните служби на Фондот за користење на различни видови на услуги, а голем дел од нив побарале повеќе услуги одеднаш. Затоа, сетот на електронски услуги кои ќе ги претставиме во текот на месец февруари  е од огромно значење за сите граѓани на Република Македонија. Девет од новите електронски услуги кои ќе ги промовираме во февруари се проекти од Програмата за работа на Владата на Република Македонија.

Фондот за здравствено осигурување во соработка со здруженијата и лекарите континуирано работи на поедноставување, кратење и олеснување на процедурите во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Денес, ја објавуваме првата електронска услуга од сетот на новите електронски услуги, која се однесува на осигурениците кои користат ортопедски помагала. Со оваа нова електронска услуга – електронска заверка за ортопедско помагало, осигурениците нема потреба да доаѓаат во подрачните служби во ФЗОМ и да чекаат на шалтери, бидејќи специјалистот и матичниот лекар ќе може да ја издаваат и заверуваат потврдата од ординација, односно од нивното работно место. За остварување на ова право во 2015 година се направени 145.000 заверки на потврди за ортопедски помагала, што значи 145 илјади луѓе дошле во Фондот за здравствено осигурување. Од 1.2.2016 година, за сите овие осигуреници, овие услуги ќе биде достапни и по електронски пат и нема да има потреба да доаѓаат во подрачните служби на Фондот, посочуваат од ФЗОМ.

На товар на Фондот се одобруваат вкупно 355 типови оротопедски

Најчитани вести