Промоција на нова електронска услуга – електронски потврди за ортопедски помагала

помагала, односно 1373 помагала од различни производители. Сите ортопедски помагала, за кои не треба одобрување од лекарската комисија, осигурениците од 01 февруари 2016 година ќе може директно да им ги заверува матичниот, односно лекарот специјалист. Истата потврда по направената заверка станува достапна за ортопедските куќи и со заверената потврда осигурениците одат во ортопедската куќа која сами ја избираат и веднаш го подигнуваат помагалото.

Заверената потврда ги содржи сите потребни информации за осигуреникот, односно информации за порачување и испорака на помагалото, цената на помагалото и за партиципацијата доколку ја има. Потврдата содржи  и информации за ортопедските куќи кои имаат договор со Фондот, со цел осигуреникот сам да избере која ортопедска куќа за него е најдобра.

Оваа нова електронска услуга за сите осигуреници кои имаат потреба од ортопедско помагало, ќе важи за:

  • Потколени ортози
  • Ортози за горни екстремитети
  • Дел од ортозите за рбетен столб (шанцова едноделна и дводелна кравата, корсет платнен лумбален (со фишбан и метални шини), минерва корсет
  • Корективни ортози
  • Ортопедски чевли
  • Ортопедски влошкиi
  • Еластични чорапи
  • Бастуни
  • Патерици
  • Дубаци и одалки
  • Појас и утега
  • Вештачка дојка
  • Останати помагала и санитарни справи (сите видови на пелени)

Од групата на очни помагала сите видови на помагала од оваа група (очила, очила со бифокални стакла, очила со темни бифокални стакла, контактни леќи, очни призми со бифокални стакла, очни протези).

Од групата на слушни помагала –  сите видови на задушни слушни апарати и канални слушни апарати

Од групата помагала за одржување на глас и говор – сите видови помагала од оваа група

Од групата на заботехнички и забнопротетички средства – сите видови помагала од оваа група

Во 2015 година се реализирани околу 218.000 заверки на ортопедски помагала, во вредност од 743 милиони денари, односно, 547 милиони денари за ортопедски куќи и 196 милиони денари за заботехнички помагала кај специјалисти стоматолози. Со новата услуга, Фондот очекува 145.000 заверки, односно две третини од сите ортопедски помагала да се прават електронски, со што осигурениците нема да има потреба да доаѓаат  во подрачните служби на Фондот.

Со новата електронска услуга, ќе помогнеме  и специјалистите и матичните лекари да можат да ги видат сите претходни заверки и подигнати ортопедски помагала од страна на осигуреникот, а, исто така, и самиот осигуреник ќе има можност преку својот профил на порталот да има увид во сопствените  заверки за ортопедски помагала, дополнета со информација кога и каде истите се подигнати.

Оваа новина ќе стане функционална од 01 февруари 2016 година. Специјалистите и матичните лекари ќе можат да се најават на порталот на Фондот и преку специјално дизајнирана алатка и електронски да го потпишат барањето за потреба од ортопедско помагало. За оваа намена, Фондот изврши обуки за специјалистите и матичните лекари, а воедно направи и кратко упатство кое е испратено до сите лекари и здравствени установи со кои Фондот има договор.

Накратко, постапката е следна: кога осигуреникот оди кај специјалист и му е констатирана потреба од ортопедско помагало, наместо како досега да му се издаде потврда која е рачно направена, па осигуреникот да оди во Фондот да ја завери (а доколку има грешки повторно да се врати кај специјалистот), отсега специјалистите ги пополнуваат податоците за шифра на ортопедско помагало на порталот на Фондот врз основа на констатирана дијагноза, а во согласност со медицинските индикации утврдени во Правилникот за ортопедски помагала и потоа истата електронски ја потпишуваат. По направената електронска верификација на пропишаната потврда, истата е достапна на порталот за нарачка и издавање на потребното помагало. На овој начин осигуреникот оди директно во ортопедската куќа и си го подига ортопедското помагало. Како алтернатива и понатаму останува во функција можноста за заверка во подрачните служби на ФЗОМ.

За 8 видови ортопедски помагала потребно е мислење од лекарска комисија на Фондот, и тоа за корсети за сколиоза и кифоза, за протези за раце и нозе, за инвалидски колички, за дводелен и едноделен систем за уростома, за колостома и илеостома, за милвоки мидер, за постојан катетер, за уринарни кеси и уринарни кондоми, за пелени, за влошки и за очила со специјален систем на стакла (телескопски). Мислење од комисија е потребно и за предвремени заверки за нефункционално помагало, како и за поправки на помагалата. Ортопедските помагала што се одобруваат на лекарска комисија, се одобруваат еднаш годишно, а потоа месечно, тромесечно или еднаш на 6 месеци од матичниот лекар се добива потврда и заверка за ортопедското помагало.

На овој начин Фондот ја зголемува ефикасноста на услугите кои ги дава на осигурениците, здравствените работници и фирмите и во реално време ќе ги имаме сите неопходни електронски податоци за контролата што ќе ја вршиме во иднина затоа што ќе имаме електронска база, а не како досега, податоците да бидат во хартиена форма.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија и понатаму останува доследен на своите заложби да обезбеди што поквалитетни здравствени услуги за своите осигуреници.