Голем интерес кај прилепчани за државните грантови за самовработување

Голем интерес кај прилепчани за државните грантови за самовработување
Голем интерес кај прилепчани за државните грантови за самовработување
Над 150 прилепчани се пријавиле на повикот на Агенцијата за вработување да користат грантови за започнување свој бизнис. Огласот е во тек и трае до петок, информираат од Бирото за вработување во Прилеп, пишува МИА.

На денешната прес-конференција во локалната самопуправа прилепскиот градоначалник Марјан Ристески нагласи дека оваа владина мерка е најискористена во Прилеп и градот е лидер во користењето грант од државата за самовработување. Во осум години ја искористиле 650 прилепчани.

 Ги повикуваме прилепчани, особено младите да ги искористат средствата за сопствен бизнис. Прилеп е лидер во искористувањето на поволностите што ги нуди оваа владина мерка. Досега неповратните средства на државата за почнување сопствен бизнис ги искористиле 650 прилепчани со што го решиле и своето вработување, рече Ристески.

Вера Ристеска од Центарот за вработување која ја води оваа владина мерка, нагласи дека прилепчани се крајно заинтересирани и веќе пристигнале 150 барања за новиот циклус државни грантови од по 3.000 евра.

Прилеп е водечка општина во искористеноста на владините мерки, особено со грантови за самовработување. Досега голем интерес имаше за започнување бизнис од трговијата, услужните, браварските дејности, објасни Ристеска.

Локалните власти и Регионалната стопанска комора од Прилеп ги повикаа невработените и работодавците да ја искористат и мерката за обука и субвенционирано вработување.

Прилепскиот градоначалник Ристески потенцира дека со огласот кој трае до крајот на годинава, вработување може да најдат голем број невработени, почнувајќи ја тримесечната обука.

Мерката им одговара и на невработените и на работодавците. Имаат три месеци платена обука од по 6.200 денари, 6 месеци со платени придонеси од 14.000 денари и 5.000 денари за работодавачот по лице, кои треба да ги задржат 12 месеци и да не го намалат бројот на вработените, посочи Ристески.

Според Ристо Најдоски, извршен директор на Регионалната стопанска комора, работодавачите веќе бараат обучени кадри во одредени занимања.

 Оваа мерка е поволна и за работодавачјите. На седницата на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора е заклучено дека работодавачите бараат обучени работници од дефицитарните занимања: бравари, дреари и текстилци, рече Најдоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.