Исламска држава планира да киднапира Руси во Турција?

Припадници на џихадистичката група Исламска држава планираат киднапирање на руски граѓани во Турција, предупреди денеска руската агенција за туризам, „Ростуризам“.

– Лидери на терористичката ИД планираат да киднапираат руски државјани во Турција, се наведува во соопштението.

Како што се објаснува во соопштението, „заложниците би можеле да бидат однесени на територија која е под контрола на екстремистите и да бидат јавно егзекутирани или да се употребат како човечки штит во Сирија“.

„Ростуризам“ им порача на руските туристи да ги преземат сите потребни мерки за гарантирање на својата безбедност.