среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Имала само 23 години кога починала – по неа тагувале сите мажи

Била преубава, но секогаш носела некоја тага во очите.

Имала само 23 години кога починала - по неа тагувале сите мажи

Имала само 23 години кога починала - по неа тагувале сите мажи

Последни вести

Зборот куртизана доаѓа од италијанскиот збор „cortigiana“ каде што и најпрво почнал да се кориси и тоа некде во 16 век, а означува дворска дама која склопувала „врски“ со одредени господа од високите кругови, кои самата ги одбирала.

За нив велат дека биле нешто помеѓу проститутки и љубовници, иако и меѓу нив постоела хиерархија, па имало и такви кои само го продавале своето тело.

Најпознатата куртизана на сите времиња била познатата Мари Диплеси, кој Александар Дима ја овековечил во „Дамата со камелии“ и така засекогаш ја сочувал од заборав.

Мари дошла во Париз кога имала 13 години. Сама, сиромашна и без дом, допатувала од родната Нормандиј во градот на светлината, во потрага по богат социјален живот во кој нема да мора да се измчува.
Не поминало долго, а за неа дознал целиот град. Станала една од најубавите и најпосакуваните куртизани. Со блед, но перфектно чист тен, долга коса и розеникави усни, Мари била сонот на секој маж.

Имала можност да се тргне од сенката на неморалот, кога се запознала со познатиот барон Де Стакелберг, кој и плаќал стан во центарот на Париз и и’ купувал се’ што ќе посака, под услов да биде чесна жена.

Мари го сакала сјајот на ноќтта и и’ недостигало вниманието кои нејзините пријателки го уживале додека мажите ги опсипувале со комплименти и луксуз.

Таа се вратила на старите навики и продолжила да ги фасцинира мажите во Париз.

Имала само 23 години кога починала, но отсекогаш претчувствувала дека ќе умре млада. Таа починала од туберкулоза.

Александар Дима бил само еден од бројните мажи кои биле вљубени во неа. Но, тој имал моќ  да ја направи бесмртна, вметнувајќи ја во книга која и денес фасцинира со романтика ширум светот, „Дамата со камелии“.

Најчитани вести