сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Нови 1.404 потврди за мигранти, најбројни Авганистанците

migranti-rt

Поврзани вести

Министерството за внатрепни работи изминативе 24 часа издало потврди за остварување на правото за барање азил на 1.404 мигранти, од кои 568 се мажи, 272 се жени,  563 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и еден малолетник кој патува без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–545, Сирија-508 и Ирак-351 .

Од почетокот на 2016. година, издадени се потврди на вкупно 48.374 странски државјани, од кои 20.126 мажи, 10.409 жени, 17.737 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-24.260, Авганистан-15.131 и Ирак-8.980.

Во последниве 24 часа до Секторот за азил  поднесено е едно барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на еден малолетник  од Сирија.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 27.01.2016 година, до Секторот  за азил поднесени се шест барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на  шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и две од Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 27.01.2016 година евидентирани се вкупно 21  баратели на азил од кои 18 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател   се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Најчитани вести