До 2050 година ќе снема кафе и какао?!

Поради глобалното затоплување, кафето би можело да исчезне до 2050 година, пишува „Хафингтон пост“.
Семето на кафето потекнува од земјите околу екваторот, зони каде што температурата расте побрзо отколку на друго место, а климатските промени имаат се поголеми последици врз земјоделството.

Освен кафето, би можело да исчезне и какаото. Повеќе од 70 отсто од какаото се произведува во Западна Африка, каде што до 2050 година, температурата ќе се зголеми во просек за 2,3 степени.

Климатските промени влијаат и врз лозјата, посочува „Хафингтон пост“.
Француските лозари веќе забележуваат промени, грозјето созрева порано и содржи повеќе шеќер, а помалку киселина. Доколку овој тренд продолжи, лозарите би можеле лесно да останат „технолошки вишок“.

Поради глобалното затоплување загрозени се и бананите и хмељот, кој исто така е чувствителен на зголемување на температурата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.