Холандија претстави план за враќање на бегалците од Грција во Турција

Холандија, која во моментов е актуелен претседавач на Европската унија, претстави европски план за враќање на бегалците од грчките острови во Турција.

Лидерот на холандската владејачка Социјалдемократска партија, Дидерик Самсон за весникот „Фолкскрант“ изјави дека планот е изготвен од седум членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Германија.

Според планот, членките на Европската унија треба да се ангажираат да прифатат до 250 илјади бегалци годишно, а Турција во тие услови би се согласила да ги прими назад преостанатите бегалци.

– Турција се уште треба да усвои нови закони и да ја подобри ситуацијата со Сиријците, кои бараат азил. Таа треба да стане сигурна земја, посочи тој.

– Првите фериботи можат да тргнат од март или април, додаде Самсон.