Зголемен број на луѓе што заминуваат од Германија во ИСИС

Бројот на исламски екстремисти кои што од Германија заминуваат да се борат во Сирија и Ирак постојано се зголемува со што расте можноста по нивно враќање во Европа тие да организираат терористички напади, информираат германските служби за безбедност.

Шефот на Федералната служба за безбедност Ханс Георг Маасен вели дека „Безбедносната ситуација е сериозна“. Речиси 800 луѓе според последните анализи досега од Германија заминале да се борат на Блискиот Исток, а една третина од нив се веќе вратени во земјата. Сите повратници се под мониторинг на германските власти.

Од октомври до сега нови четириесетина жители на Германија заминале да се борат во редовите на ИСИС и други радикални групи. Земјата досега не се соочила со сериозни терористички напади како оној во Париз но службите предупредуваат дека постои реална опасност за слични инциденти и во Германија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.