Битолчанец украл плик со 200 илјади денари од старец

Дваесет и деветгодишен битолчанец доби кривична пријава бидејќи ограбил седумдесет и шестгодишен старец и му одзел 200 илјади денари.

СВР Битола го товари лицето со иницијали Џ.М. од Битола поради постоење основи на сомнение за кривично дело „тешка кражба“.

Битолчанецот  на 7- ми август минатата година околу 09.30 часот во старата битолска чаршија, искористувајќи го метежот, се доближил до 76 – годишниот старец и од предниот џеб на пантолоните му одзел плик во кој имало 200.000 денари.