Прегазен пешак во Охрид

Повозрасно машко лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што вечерва се случи во Охрид, на улицата „15 Корпус“ што води кон излезот од градот во насока кон Битола.

Полицијата врши увид на местото на несреќата, во присуство на овластено судско лице, а сообраќајот на улицата е целосно во прекин. Лесните моторни возила и помалите товарни возила што сообраќаат накај Ресен и Битола се пренасочуваат преку алтернативни улици.