Мировните договори за Сирија почнуваат утре

Мировните договори за Сирија почнуваат утре
Мировните договори за Сирија почнуваат утре

Мировните преговори за ставање крај на војната во Сирија ќе почнат утре во Женева, соопшти портпаролот на специјалниот пратеник на ОН за оваа земја Стефан де Мистура, пишува МИА.

– Потврдувам дека разговорите почнуваат утре – изјави Кавла Матар, иако опозициските групи се уште не го потврдиле своето учество.

Претходно денеска, канцеларијата на специјалниот пратеник Мистура објави негова видео-порака упатена до сирискиот народ, во која вели дека очекува разговорите да бидат одржани „во следните неколку дена“.