Чилиманов: СДСМ не сака дерегулација, туку контрола на медиумите

СДСМ не зборува за дерегулација на медиуми, туку за регулирање. Тоа е сосема различно од она што го изјавуваат во јавноста. Тие го бараат нивниот оргинален, првичен предлог: Директор со неограничени овластувања во Агенцијата за медиуми, тогаш ќе ни донесе навистина негативни оценки, регулаторно тело кое ќе мери на штоперица, кој водител како ќе најавува и парични казни и затворање на медиумите, нас ни треба дерегулација на медиумите, истакна Цветин Чилиманов од МАН во гостувањето на ТВ21.

Тој потенцира дека СДСМ наместо дерегулација бара регулирање на медиуми, односно регулаторно тело под своја контрола што дополнително ќе ја влоши состојбата.

Чилиманов анализира и дека првото интервју на МРТВ беше на Зоран Заев.

-Пријателско интервју па кажа куп лапсуси и го прогласи за партиско, вели Чилиманов.

Мирче Адамчевски од Советот за етика и поранешен претседател на СРД предложи владините реклами да се делат преку тендери по најниска цена, како што тоа владата го прави веќе со години за печатените медиуми.