Закана еднаква на ИСИС – Пука браната кај Мосул!

Закана еднаква како и ИСИС - Пука браната кај Мосул!
Закана еднаква како и ИСИС - Пука браната кај Мосул!

Американскиот генерал Џон Мекфарленд, водач на коалицијата на чело со САД која се бори против Исламската држава во Ирак и Сирија, предупредува дека браната на север во  Ирак би можела да се урне, при што би имало катастрофални последици.

Според проценките на поедини стручњаци, во случај на пукање на браната би страдале околу половина милион луѓе.

Американската војска заедно со ирачката влада разработува план за спасување на цивилите во случај на најлошо сценарио, пренесува АП.

Како ќе каже Садам

Проблемот со браната не е нов, но станува се поголем. Уште во 2007 година „Вашингтон пост“ објави дека браната е во мноу лоша состојба и дека би можеа да попушти. Проблемот е што е градена на подлога од гипс, бидејќи на диктаторот Садам Хусеин му бла поважна убавинаата на местото каде што таа се наоѓа, отколку на каков терен  е изградена.

Браната е изградена во 80-те години на минатиот век, и се наоѓа северно од Мосул, а нејзината сосотојба е таква што полека доаѓа до пукање. Ирачанитте немаат средства за одржување од почетокот на проблематичната градба.

Исламистите ја контролираат браната

Мекфарланд кажува дека стручњаците се обидуваат да откријат колкави се шансите брната да пукне, но дека едно е сигурно- ако се урне, тоа ќе се случи брзо и тоа е лошо.

Америкаанските воени инжењери детално ја прегледае браната во Мосул уште во 2006. и заклучиле дека тоа е „најопасната брана на светот’ и ако пукне градот би се нашол под вода длабоко 20 метри.

Делувањето на џихадистите на ИСИС во близина на браната која ја освоиле 2014 гоина, само ја влошува ситуацијата, бидејќи ги бркаат техничарите и работниците и крадат опрема.

Браната Мосул некогаш позната и како брана Садам, се наоѓа северно од вториот по големина град во Ирак, Мосул.

Во случај да дојде до пукање на браната би се случила вистинска катастрофа. Се предвидува дека водениот бран би бил висок и до 20 метри и дека не би го поплавил само Мосул, туку би дошол и до Багдад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.