Поради неправилности одземени алкохол и цигари од угостителски објекти

Низа неправилности се констатирани при извршената контрола на продажбата на акцизна стока во седум угостителски и два малопродажни објекти во Битола, Прилеп, Охрид, Струга и Дебар.

При контролата се одземени алкохол и цигари.

При контролата  одземени се 158,4 литри домашна ракија, 2,3 литри странска ракија, 3,2 литри узо, 0,7 литри коњак и 71 кутии цигари од (Лорд и Аура)

Од Царинската управа појаснуваат дека е утврдено оти алкохолните пијалаци и цигарите не биле означени со контролни марки – бандероли и иако се нуделе за продажба, не поседувале сертификат за здравствена исправност што ги прави потенцијално опасни за здравјето на луѓето.

Против прекршителите Царинската управа презема соодветни постапки.

Контролата спроведена во изминатите два дена во 41 трговско друштво.