Најсреќниот човек на светот открива во што е тајната на среќата

Најсреќниот човек на светот открив во што е тјната на среќата
Најсреќниот човек на светот открив во што е тјната на среќата

Кој е најсреќниот човек на светот? Ако го изгуглате ова прашање, ќе го добиете името Метју Ричард. Тој е 69 годишен тибетски монах која ја носи оваа генијална титула.

Тутулата ја добил по учеството во 12 годишната студија за медитација.

Скенирањата откриле дека има многу активности во неговиот лев префронтален кортекс на мозокот, што му доволува да има незабележително чувство на среќа и многу мала можност за негативни чувства. Ричард, кој понекогаш медитира и по цел ден, признава дека се чувствува како среќна личност, икао не сака да го нарекуваат најсреќен човек на светот.

Своите „тајни“ ги открива за „Бизнис инсајдер“, за време на Светскиот економски форум во Давос.

Неговиот прв совет е: „Престанете да размислувате јас, јас, јас“

Тој смета дека одговорот е во алтруизмот. Вели, кога мислиме постојано на само на себе се изморуваме, под стрес сме, што доведува до тоа да бидеме несреќни.

„Не е тоа работа на моралот. Едноставно, кога секој ден размислувате само јас, јас, јас… тоа е многу тешко и мизерно, бидејќи себе си го претставуваме светот или како закана или како нешто од што можеме да извлечеме корист“, вели монахот.

Ако сакате да бидете среќни, Ричард порачув да бидете добронамерни. Не само што ќе се чувствувате подобро, туку и другите ќе почнат да ве гледаат како подобра личност. „Но, не допуштајте другите да ве искористуваат. Стремете се кон тоа да бидете разумно љубезни“, објаснув тој.

„Ако вашиот ум е преполн со добронамерност, страст, солидарност… тоа е многу здрава состојба на умот. Се подобрува менталната состојба. Докажано е и дека ќе бидете поздрави“.

Ова звучи убаво во теорија, но како навистина да се стане алтруист и да не дозволиме себичните мисли да не’ совладаат? Ричард верува дека во секој човек постои добрина – доколку нешто хемиски не се случува во вашиот мозок. Баш како маратонците кои трчаат, кои мораат многу да вежбаат, и луѓето кои сакаат да бидат посреќни, мораат да го вежбаат својот ум. Ричард преферира медитација.

Неговиот совет е секој ден да поминувате најмалку 15 континуирани минути во среќни мисли. Тврди дека за две недели ќе почувствувате голема промена.