Тројца загинати во напад во џамија во Саудиска Арабија

Најмалку три лица го загубија животот денеска во напад во џамија во реонот Ал Ахса во источниот дел од Саудиска Арабија.

Според очевидец, по екслозијата во градот Махасен следувал вооружен напад врз џамијата Имам Рида. Локални жители тврдат дека силите за безбедност водат престрелка со петмина терористи.