петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 36

Бомба фрлена во центар за бегалци во Германија

bomba

Последни вести

Непознат сторител во текот на минатата ноќ фрлил рачна бомба врз центар за сместување за бегалци во местото Шварцвалд Бар Крајс во германската сојузна покраина Баден Виртемберг.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, бомбата не експлодирала, најверојатно поради проблеми со детонаторот, по што полицијата спровела контролирана експлозија.

Во овој бегалски камп се сместени околу 170 баратели на азил.

Засега нема осомничени лица за нападот кој е 69 по ред во покраината Баден Виртемберг од почетокот на 2015 година.

Во Германија вкупно минатата година имаше над 800 напади врз бегалци, од кои најголем дел се опожарувања на бегалските центри за сместување.

Најчитани вести