ФЗОМ ги ослободи лицата со ниски примања да доаѓаат во Фондот за пререгистрација

лицата кои последните два месеци од 2015 оствариле приход помал од 19.180 денари, а се во категоријата на осигуреници кои оствариле приход од 115.080 до 193.608 денари минатата година. Другите две категории осигуреници кои плаќаат 50% или 100% од здравствениот придонес на просечна плата, ако се во рамките на лимити 115.080,00 денари до 193.608,00 денари, исто така не е потребно да дојдат да се пререгистрираат на шалтерите на подрачните служби на Фондот.

На осигурениците на кои автоматски ќе им се продолжи здравственото осигурување, нема да добиваат нови решенија по пошта. Лицата на кои нема да им се продолжи здравственото осигурување поради повисоки приходи од наведените лимитие ќе добијат решение по пошта и ќе треба да дојдат во подрачната служба да го регулираат своето здравствено осигурување.

Лицата кои ова право не го искористиле и не се во базата на Фондот, а се во овие категории на приходи потребно е да дојдат и да се пријават на шалтерите во подрачните служби на Фондот. Исто така и лицата кои првпат поднеле пријава за здравствено осигурување во текот на месец јануари потребно е да дојдат на шалтерите во Фондот да поднесат повторно пријава, согласно сегашните објавени законски лимити, бидејќи истите за 2015 се зголемени и да го осигураат правото. Бројката на лица кои поднеле прво барање во јануари и изнесува 3.374 лица и истите потребно е да дојдат и да се пререгистрираат. Воедно и лицата кои имаат промена во висината на нето приходите, потребно е да дојдат во подрачните служби на Фондот од 1 февруари до 31 март оваа година и да донесат документи за нова пререгистрација.

Како приходи на семејство се сметаат личните и приходите на членовите на носителот на здравственото осигурување (брачен другар, деца). 

Новите лимити за здравствено осигурување согласно нето приход остварен во 2015 година изнесуваат: 

  • До 115.080,00  денари – здравстеното осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување; зголемувањето оваа година на законскиот лимит на оваа категорија во споредба со минатата е 9,480 денари.
  • Од 115.080,00 денари до 193.608,00 денари ако во последните два месеца оствариле вкупен приход помал од 19.180,00 денари – здравственото осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување; зголемувањето оваа година на законскиот лимит на оваа категорија во споредба со минатата е 9,480 денари.
  • Од 115.080,00 денари до 193.608,00 денари – здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 50% на просечната плата односно, плаќа 1.178,00 денари месечно придонес;
  • Над 193.608,00 денари – здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 100% на просечната плата односно плаќа 2.356,00 денари, месечно придонес.

 

За сите подетални информации поврзани со Проектот за регистрација/пререгистрација на невработените лица, осигурениците може да се обратат на бесплатната инфо линија 080033222 или на мејот: info@fzo.org.mk како и на веб страницата www.fzo.org.mk во делот на пререгистрација на лица со ниски примања.