„Адора“ во јануари со двојно поголема продажба на станови од истиот период лани

„Адора“ во јануари со двојно поголема продажба на станови од истиот период лани
„Адора“ во јануари со двојно поголема продажба на станови од истиот период лани

„Адора инженеринг“ 2016-та година ја започна со 100 % поголем биланс на продажба на станови во јануари, што е двојно повеќе споредено со истиот месец минатата година.

Големиот интерес на граѓаните за купување нов дом, за компанијата значи дека становите се потврдија како најдобра инвестиција. Остварената продажба во „Адора инженеринг“, наспроти одредени прогнози на пазарот на недвижности во Македонија, покажа дека купувачите го препознаваат и вреднуваат квалитетот на овој градежен бренд, кој постојано ги подигнува стандардите во високата градба.

Двојно зголемената продажба на станови во првиот месец од 2016-та, кој за повеќето е финансиски најтежок во годината, во споредба со 2015-та, за „Адора инженеринг“ е сигнал дека ќе се зголемува интересот за купување стабилни, квалитетни и економични станови во наредниот период и дека граѓаните сѐ повеќе одлучуваат слободните средства да ги вложуваат во недвижностите кои најдобро ги чуваат и оплодуваат нивните заштеди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.