вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 55

„Новартис“ донираше инфузиомат на Детската клиника

Апаратот за аплицирање на цитостатска терапија кај деца со малигни болести е во вредноста од 171.100 денари.

„Новартис“ донираше инфузиомат на Детската клиника

„Новартис“ донираше инфузиомат на Детската клиника

Последни вести

На Клиниката за Детски Болести на Одделот за онкологија и хематологија, денес од страна на компанијата „Новартис“ беше дониран апарат за аплицирање на цитостатска терапија кај деца со малигни болести. Се работи за инфузиомат од најновата генерација на пумпи за дозирање и пласирање на мали дози на цитостатска терапија кај деца. Вредноста на апаратот е 171.100 денари.

Благодарни сме на Новартис за донацијата. Вакави апарати секогаш недостасуваат особено на овој оддел каде имаме еден континуитет ако не и благ пораст на пациенти со малигни болести. Со него се олеснува апликацијата на цитсостатската терапија која мора да се дава во одредени дози на одреден период и овие апарати токму тоа го овозможуваат. Особено се радувам и кога донациите пристигнуваат од компаниите затоа што гледаме дека и кај нас постепено почнува да се развива општествената одговорнот кај фирмите, а Новартис е секако помеѓу предводниците на овој тренд, изјави доц. др Аспазија Софијанова, директор на ЈЗУ Клиника за Детски болести.

Софијанова и Талеска

Ние во Новартис веруваме дека помагањето во заедницата во која работиме е од исклучителна важност, особено кога се работи за помош кај најмладата популација. Се надеваме дека со оваа донација на инфузиомат од најновата генерација ќе ја олесни апликацијата на цитсостатската терапија на Клиниката за детски болести, изјави д-р Јасминка Талеска, директор на Новартис преставништво во Скопје.

 

 

Најчитани вести