СЕП: Сите процеси за транзитирање на мигрантите низ Македонија се коректни

СЕП: Сите процеси за транзитирање на мигрантите низ Македонија се коректни
СЕП: Сите процеси за транзитирање на мигрантите низ Македонија се коректни
Денеска видов дека постои добра координација меѓу државните институции и другите партнери како невладините и хуманитарните организации на ЕУ и ОН, така што можам да кажам дека сите процеси за транзитирање на мигрантите низ Македонија се сосема коректни, изјави при посетата на ПТЦ Гевгелија, Ана Блажевска, државен секретар на Секретаријатот за европски прашања, задолжен за координација на институциите вклучени во справувањето со бегалската криза.

Минатата година, како што рече Блажевска, кризата не фати малку неподготвени и затоа годинава мора да бидеме поподготвени и да видиме како можеме подобро да одговориме на потребите на мигрантите.

– Имаме доволно донации за овој наплив на мигранти од по неколку илјади дневно, но мислам дека мора да антиципираме и подобро да се подготвиме за да не се повтори како лани дневно да ни доаѓаат по 7 до 8 илјади мигранти оти освен хуманитарната, бегалската криза има и безбедносна компонента која меѓународните организации не можат да ја покријат и затоа меѓународната заедница мора во иднина да насочи дел од помошта и кон нашите институции кои имаат огромни трошоци, нагласи Блажевска.

Раководителот на ПТЦ Гевгелија, Зоран Лазаровски потврди дека кампот во задоволителни количини има се што им  е потребно на мигрантите и посочи дека за уште поуспешно справување со бегалската криза потребно е доекипирање и обновување на капацитетите кои беа истрошени изминативе пет месеци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.