сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 12

„Курир“: Катица Јанева со демант и закани до медиумите

janeva

Последни вести

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, преку своите служби испраќа демант, но и закани до медиумите, пишува порталот „Курир“.

Порталот го пренесува текстот од демантот на Јанева во целост:

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите изразува загриженост за начинот на известување на одредени медиуми поврзан со работата на ова Јавно обвинителство, како и работата на Специјалната јавна обвинителка и јавните обвинители. Ги демантираме во целост наводите објавени од страна на Курир и други медиуми дека од страна на јавни обвинители од ова Јавно обвинителство постапувано е спротивно на законските одредби во преземањето на процесните дејствија, како и дека ваквите наводни активности се по налог на Катица Јанева. Ова Јавно обвинителство, иако беше изложено на неосновани напади и во претходниот период, покажа висок степен на толеранција спрема лицата кои изнесуваа невистини, навреди, клевети и се служеа со говор на омраза насочен кон обвинителството. Со оглед дека бројните апели од наша страна не дадоа резултат, а како е потребно да се заштити интегритетот и безбедноста на јавните обвинителии нивните семејства, ја известуваме јавноста дека во периодот што следи против одредени лица ќе бидат покренати соодветни граѓански постапки за клевета и навреда, како и кривични постапки за лажно пријавување на кривично дело. Апелираме до сите медиуми и поединци да се воздржат од произнесување на невистини за работењето на ова Јавно обвинителство и да се воздржат од негово етикетирање и ставање во функција на дневно политички цели. Потенцираме дека, како професионална институција нашиот единствен фокус е борбата против криминалот, а нашата мисија е спроведување на правдата и обезбедување еднаков третман на сите пред законот.

Јанева се заканува до медиумите без притоа да одговори на бројните прашања кои и ги должи на јавноста за повеќе нејзини одлуки и чекори.

Најчитани вести