четврток, 5 јануари 2017  |  Вести денес: 48

Пожар во две викендички во Трпејца

Изгореа две викендички во Трпејца. Пожарот избувнал попладнево, а според првичните информации од Професионалната противпожарна единица од Охрид зафатил две викендички.

pozar

Последни вести

Изгореа две викендички во Трпејца. Пожарот избувнал попладнево, а според првичните информации од Професионалната противпожарна единица од Охрид зафатил две викендички.

Како што информираат оттаму, пожарот избил во едната викендичка и ја зафатил соседната. Опожарени се кровните конструкции на двете викендички, пренесува порталот „Охрид Њуз“.

Противпожарната единица од Охрид интервенирала со три возила и десет пожарникари и за брзо време го локализирала пожарот.

Во пожарот нема повредени, а предизвикана е материјална штета, чија висина допрва ќе се утврдува. Истрагата треба да ги открие причините за пожарот.

Најчитани вести