вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 65

Најмалку 10 бегалци се удавија во Егејско Море

begalci

Поврзани вести

Најмалку десет бегалци, меѓу кои пет деца се удавија кога нивниот брод потонал во Егејското Море додека се обидувале да стигнат од Турција во Грција.

Турски медиуми јавија дека од бродот се спасени 43 лица.

Според очевидци, најмалку 20 лица се водат како исчезнати.

Бегалците тргнале од провинцијата Чанаккале, од Ајваџик најверојатно кон грчкиот остров Лезбос.

Во Турција се наоѓаат 2,2 милиони бегалци од Сирија, а според податоците на Организацијата за миграција на ОН, над милион бегалци пристигнале во Европа по морски пат.

Најчитани вести