недела, 22 јануари 2017  |  Вести денес: 0

„Курир“: Двојните аршини на опозициските мегафони повторно на виделина- ниту Јанева, ниту нејзините обвинители не се над законите

mediumi-sorosss

Поврзани вести

Повторно излегуваат на површина двојните стандарди на опозициските мегафони контролирани од СДСМ. Додека специјалната обвинителка неосоновано отворено им се заканува на дел од медиумите, оние кои секојдневно говорат за некаква медиумска слобода молчат без ниту еден напишан и јавно искажан збор, пишува Курир.

Специјалната јавна обвинителка обвинителка Катица Јанева во текот на вчерашниот ден им се закани на медиумите со тужби, избегнувајќи да даде одговори кои и ги должи на јавноста и на прашањата кои медиумите и’ ги поставуваат.

И додека СЈО и Јанева отворено се закануваат на новинари и медиуми, опозициските медиуми молчат, пишува Курир.

Токму поради ова, се поставува прашањето што ќе се случеше доколку државниот јавен обвинител Марко Зврлевски најавеше тужби кон Бранко Героски, Ацо Кабранов или дел од другите опозициски перјаници, како што тоа сега го прави Јанева.

Доколку Зврлевски вака отворено и без никаков основ се заканеше кон медиумите и порталите под капа на СОРОС, тогаш ситуацијата ќе беше поинаква со веќе видео сценарио. Блокирани улици поради протести организирани од СОРОС и пароли за слобода на медиуми. Но, сега ситуацијата е поинаква. За опозициските мегафони очигледно Јанева и нејзините обвинители се над Законот.

Еднаквост пред законите како што велат во соопштението  од СЈО значи и нивна еднаквост пред законите, а не дека сите се еднакви ама тие се над законот или доколку се парафразира Џоџ Орвел, “сите се еднакви, ама некои се поеднакви од другите“.

katicajaneva-sjo

Она што дополнително излегува на виделина се двојните аршини на опозициските мегафони, истите оние кои не поминува ден без да напишат дека се залагаат за новинарство без притисоци, сега не изустуваат збор кога Јанева отворено се заканува со тужби, иако во јавноста се појави и документ кој докажува дека против тројца обвинители од СЈО е поднесена кривична до ОЈО, поради сомнение дека сториле малтретирање во вршење на службата и за незаконско влијаење на сведоци.

Токму ова беше причината поради која СЈО и Јанева вчера излегоа со соопштение во кое се закануваат со тужби за клевета и навреда. Ниту Јанева, ниту пак обвинителите во СЈО не се над законите. Еднаквоста пред законите, како што велат во нивното соопштение, значи и нивна еднаквост пред истите, а не дека сите се еднакви, а тие над законот.

Најчитани вести