„Курир“: Каубојското обвинителство на Јанева со закани ги цензурира медиумите

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски во изминатиов период постојано беше мета на низа напади, притисоци и нaвреди од страна на разни опозициски структури, но во ниту еден момент не се закануваше со тужби кон медиумите и низата опозициски перјаници кои жестоко го напаѓаа. За разлика од Зврлевски, СЈО на Катица Јанева со закани ги цензурира медиумите.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзините обвинители отворено упатија закани до медиуми, само поради тоа што тие објавија дека три лица од нејзиниот тим и полицаец заработиле кривични пријави поради сомнение за малтретирање и незаконско влијание врз сведоци, тврдење за кое во медиумите беше објавен и документ за незаконското постапување кој го потврдува тоа, пишува Курир.

dok-768x1024

И додека каубојското обвинителство на Јанева со закани ги цензурира медиумите, низа примери покажуваат дека државниот јавен обвинител Марко Зврлевски за многу посериозни работи не се заканувал кон новинари и медиуми како што тоа сега го прават Јанева и нејзините обвинители.

Токму Зврлевски е постојана мета на напади во изминативе месеци, како директно од најголемата опозициска партија, така и индиректно преку опозициските перјаници и партиски медиумски мегафони на СДСМ. Сепак, Зврлевски во ниту еден момент не се заканил со тужба ниту против некој опозициски медиум, ниту пак против било кое лице блиско до СДСМ , иако имало многу посериозна основа од таа на СЈО и Јанева сега.

Еден од неформалните советници на опозицискиот лидер Зоран Заев, соросовиот експонент Сашо Орданоски во колумна објавена на порталот „Либертас“ во октомври 2015 година жестоко го нападна јавниот обвинител Зврлевски, навредувајќи го за немање кредибилитет, неспособност и морално-политичка неподобност, стои во тектот.

marko-marko

-Марко Зврлевски, автоматски се пласираше во финалето на годинешнава „Златна буба-мара на годината“ во три категории: 1) за јавно соопштен најдобар политички виц на годината; 2) за највиснати мустаќи на годината; и 3) за тотално губење на личниот и институционалниот кредибилитет на институцијата што ја претставува. Не требаше ли некој до сега, после половина година од најгрубиот упад во работата на обвинителството што се памти во државава, за такво скандалозно нарушување на ОБВИНИТЕЛСКИОТ интегритет веќе да заврши во затвор? Или Зврлевски намерно сака да мислиме дека токму ТОЈ е личноста која ги дала овие снимки на партиската медиумска машинерија на фамилијата, иако требаше да бидат доказен материјал во истражна постапка за наводни тешки кривични дела против редот и поредокот во државата?!, пишуваше Орданоски.

kolumna-saso

Но, навредите на Орданоски не завршија тука, туку истите продолжија дури и на лична основа.

-Затоа, препорачувам, да не ве залажуваат обесените мустаќи на Зврлевски по малите екрани, бидејќи тој е многу попромислен и поопасен од ликот на тажен, симпатичен Калимеро-„булдог“ што сака да го остави во јавноста. Зврлевски, како некој месечар, шета наоколу и повторува дека прислушуваните снимки се незаконски правени и не можат да бидат искористени како судски докази. А тој, очигледно, или го преспал тој факт или нема капацитет да го сфати тоа – дека таа фаза на правно-политичко инаетење дури и кај фамилијата заврши пред неколку месеци. Е, сега, Марко, дојде време да те апне Шарко! И тоа за газ. Сори, ама сам си го стори, пишува Орданоски.

treta

И СДСМ со низа директни омаловажувачки навреди кон Зврлевски

-Топло му порачуваме на јавниот обвинител Марко Зврлевски да почне да слуша и други освен провладините медиуми, па може ќе слушне дека нешто се случува во државата. Скандалозно е за еден човек кој претендира дека е државен јавен обвинител – притоа правам сериозна дистинкција помеѓу него и и вработените професионалци во ОЈО –  за вака голем скандал да каже дека не слушнал, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Покрај партискиот портпарол, директни навреди и омаловажувања кон Зврлевски можат да се забележат и во низа партиски соопштенија на СДСМ, како и изјави на самиот Заев.

zvrle-nova

-Го повикуваме господинот јавен обвинител Зврлевски да заборави на ромските балови и другите забави на кој другарувал со првите луѓе на власта, изјави Заев на прес-конференција.

-За да можат надлежните обвинители да работат професионално и без притисоци прво треба од Јавното обвинителство да си заминат Марко Зврлевски и Јован Илиевски, стои во едно од многуте соопштенија на СДСМ насочени против Зврлевски.

vtora

prva

Опозициските медиуми и експоненти со постојани срамни навреди кон Зврлевски

Зврлевски постојано е мета на напади и разни омаловажувања од соросовите експоненти во државава, но државниот јавен обвинител за разлика од Катица Јанева иако имал реална основа сепак ниту еднаш не се заканил со тужба кон истите. Со измислени вести , опозициските мегафони на секој можен начин во изминативе месеци се обидуваа да го дискредитираат Зврлевски.

sramni

ust-zvlrev

petrevski

om

fokus-m

Обидот за дискредитирање на Зврлевски од страна на опозициските медиуми отиде и доттаму што тие измислија дека поранешната водителка Драгана Чуприна станала негов соработник, но ваквите манипулации како да не беа доволни, па порталот Либертас на Ацо Кабранов дури и измисли изјава од Зврлевски според која тој наводно упатил порака за предупредување до колегите која гласела „Немој некој да чујам да се мотка околу девојчето. Ќе имаме проблем со моќник во власта“.

На ваквите лаги и измислици не изостанаа ниту разни фотомонтажи.  Сепак, Зврлевски и за овој случај не излезе со никакви закани за медиумите кои ги објавија ваквите срамни лаги, за разлика од Јанева која сега се заканува со тужби иако медиумите објавија веродостоен документ за своите тврдења.

cuprina-zvrlevski

cuprina

Фантомските НВО на СОРОС дури и го погребаа Зврлевски

Јавноста ги памети отворените притисоци кон Зврлевски, како и протестите пред ОЈО. Во јуни минатата година членови на ЛГБТ заедницата и соросови активисти го прогласија Јавно обвинителство за мртво и положија венец пред вратите на оваа институција. Тие држеа транспаренти на кои беше испишано „Збогум Зврлевски”.

lgbt

Морбидните постапки отидоа дури и доттаму што активисти на Хелсиншкиот комитет се покрија со црни ќеси и легнаа пред главниот влез на јавното обвинителство, протестирајжи против  неажурноста на Зврлевски и неговите подредени во откривањето на насилниците за нападот на ЛГБТ центарот.

DSC_0435