Две годишно дете тешко повредено во сообраќајка кај Лозово

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на магистралниот пат во близина на Лозово, во правец од Велес-Штип, при што тешко е повредено двегодишно дете.

Од полицијата информираат дека Ч.Ц.(72) од Скопје управувајќи автомобил „Тојота Јарис“ со скопски регистерски ознаки излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.

Во незгодата со тешки повреди се здобило дете на возраст од две години кое по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Штип е префрлено во Ургентен центар во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.