четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 45

Визијата на СДСМ: Смени и бркање од работа

sdsm

Последни вести

Изјавите на лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев и екс министерот од СДСМ, Љубомир Фрчковски недвосмислено покажуваат како оваа партија планира да се однесува со вработените во администрацијата доколку дојде на власт.

Заев: Ќе влеземе тимски, од хигиеничар до министер

-Ако ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација, да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме, ќе ги избркаме од работа. Ако сакаме да бидеме на власт ќе влеземе тимски, од хигиеничар до министер, во секој ресор од државата и така имаме намера да ја водиме Република Македонија. Да им кажете исто така дека беше Заев, апсениот Заев, живи луѓе има да јадеме, истакна Заев.

Фрчковски: Новиот министер треба како партали да ги спакува и смени

-Новиот министер како партали треба да ги спакува и да ги смени, а тие после нека тужат следните шест години дека тоа не било согласно систематизација. Министерот мора да има можност да организира освен оние кои ги именува Владата, тие ќе останат проблематични, изјави Фрчковски во гостувањето во Нова ТВ.

Наместо проекти за подобра иднина на сите граѓани, во фокусот на СДСМ се отпуштања на вработените во државните институции кои се кадарни и поставување на партиски војници кои ќе работат во нивен интерес

Најчитани вести