четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 47

Иванов на одбележување на празникот Св. Атанасиј Велики

ivanov

Последни вести

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Св. Атанасиј Велики во истоимената црква во Тетово.

Иванов присуствуваше на светата божествена литургија во сослужение на свештеници од тетовското архиерејско намесништво на МПЦ-ОА, како и на церемонијата на осветување на празничниот колач.

Македонскиот претседател им го честиташе празникот на верниците и им посака здравје, радост и благосостојба.

Старешината на манастирот, прота Дарко Наумоски го истакна значење и потребата за продолжување на оваа црковно-народна традиција.

Црквата „Св. Атанасиј” датира од 14 век и претставува еден од најстарите христијански црковни споменици во овој дел од државата.

Најчитани вести