45 жртви и 110 ранети во троен напад во Дамаск

Најмалку 45 лица загинаа, а 110 се ранети во тројна експлозија во близина на шиитската џамија, јужно од сирискиот главен град Дамаск.

Напаѓачите се кренале во воздух во интервал од неколку минути во јужниот кварт Сајде Зејнаб, населен претежно со шиитски муслумани. Тоа се случило пред мавзолејот на внуката на пророкот Мухамед, по која квартот го добил името и кој е свето место за шиитите од Иран, Либан и други земји од исламскиот свет.

Терористичката групација Исламска држава ја презеде одговорноста за терористички напад, јави Ал Џазира, пренесува МИА.