среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 39

Висок функционер на СДСМ требало да ја плати изјавата на сведокот на Јанева?

Последни вести

Вработениот во МВР, против кого е поднесена кривична пријава поради незаконски влијаење на сведоци на сведокот му нудел 100.000 евра кои наводно требало да му бидат исплатени од еден од првите луѓе на СДСМ, дознава Курир.

Исплатата требало да се реализира откако истиот ќе ја потпише лажната изјава за компромитирање на лицата кои се таргет на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Ваквите обиди за поткуп и влијаење врз сведоци, според извори од истрагата, се документирани и поткрепени со докази, а се очекува и надлежното Јавно обвинителство набрзо да го земе предметот во процедура. Истите извори велат дека недозволиво е службени лица од полицијата на ваков начин да се обидуваат да конструираат случаи кои подоцна би и ги претставиле на јавноста како нешто реално.

Дополнително, вработениот во МВР, за кој е поднесена кривична пријава поради влијаење на сведоци, беше метеорски беше унапреден од техничкиот министер Оливер Спасовски, а истиот имал и чести контакти со тимот на Јанева и Спасовски.

Во однос на случајот со втората поднесена кривична пријава против тројца јавни обвинители од СЈО поради малтретирање во вршење служба, истите извори велат дека не само што на лицето не му било дозволено присуство на адвокат, туку и сослушувањето не било снимано, што остава сериозен простор за сомнеж дека распитот се одвивал под закани.

Дополнително се отвора и прашањето дали обвинителите од обвинителството на Јанева не ги снимаат сослушувањата за да остават простор за изнудување на изјави со уцени и притисоци, што е спротивно на законот?

Курир побара одговор од Специјалното јавно обвинителство дали на лицето му било дозволено присуство на адвокат, како и дали сослушувањето е снимено, но до овој момент одговор од обинителството на Јанева нема.

Најчитани вести