Македонија

Престануваат активностите за продажба на Офицерскиот дом во Битола

Престануваат активностите за продажба на Офицерскиот дом во Битола

Лидерот на владејчката партија, Никола Груевски, кој денес беше гостин во вестите на Сител истакна дека државните институции, предводени од ВМРО-ДПМНЕ за овој објект тргнаа со идеја, за која увиделе дека мнозинство од граѓаните на Битола не ја поддржуваат, па затоа истата ќе биде стопирана.

-Го следевме тој процес и имавме меѓусебна комуникација. Размисливме и одлучивме од понеделник да се стопира тој процес, сигурно има некоја работа која нам не ни е до крај јасна, штом толку граѓани на Битола реагираат и ние треба да го почитуваме тоа, посочи Груевски.