Груевски: Хибридни модели на закон за медиуми се неприфатливи

Со нивното барање за медиумите, СДСМ сака да стане главен цензор, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Треба да бидат прашани и самите медиуми. Забележав дека националните телевизиите, без државата, излегоа со заеднички став и дадоа свои мислења кои во најголема мера не кореспондират со она што го бара СДСМ. Самите национални телевизии не се согласуваат и не сакаат некој да им стои над глава со казни, со закани и уцени. Јас тоа го разбирам и тоа не смее да се прифати. Не случајно нашата понуда до СДСМ и јавноста е да се земе ЕУ, било која земја нека ја одбере СДСМ. Тој закон за медиуми што е во таа земја подготвени сме веднаш, без дебата без спротивставување да го прифатиме. Работи во кои хибридни модели ќе се прват што ги нема никаде во ЕУ или пошироко за нас се неприфатливи, потенцираше Груевски кој беше гостин во вестите на Сител.