петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 55

Германскиот државен министер Михаел Рот во посета на Македонија

rot

Последни вести

Државниот министер, надлежен за Европа, во Министерството за надворешни  работи  на  Германија, Михаел Рот денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија.

– Тој ќе се информира за внатрешнополитичката состојба, како и за бегалската проблематика. Предвидени се разговори со претставници на Владата и опозицијата, граѓанското општество и невладини организации, кои се активни во областа на човековите права, поддршката за бегалците, Ромската популација и ЛГБТИ-заедницата во Македонија, соопшти Германската амбасада во Скопје.

Предвидено е државниот министер Рот да учествува и на јавна дебата со студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

Најчитани вести