„Курир“: Сите набљудувачи на МОСТ беа од СДСМ – признава функционер на партијата

„Курир“: Сите набљудувачи на МОСТ беа од СДСМ- признава функционер на партијата
„Курир“: Сите набљудувачи на МОСТ беа од СДСМ- признава функционер на партијата

Медиумите го поставија јавно прашањето – дали Алексов е директор на МОСТ или настапува во име на СДСМ како нов партиски портпарол. Овие прашања беа логични по настапите на овој човек каде тој презентира исти ставови како на опозицискиот лидер Зоран Заев, пишува порталот „Курир“.

Одговорот на овие прашања беше даден вчера кога  центарот за слобода-ЦИВИЛ во големата сала на општина Охрид организираше јавен настан „Сите за слободни избори во Охрид“.

На настанот биле поканети сите советници во Советот на општина Охрид и други претставници на политичките партии, на медиумите, на локалните невладини организации, поддржувачите на ЦИВИЛ и заинтересираните граѓани.

cingoski-za-most-sdsm

Меѓу другите збор зеде Владо Чингоски, поранешен функционер на СДСМ, претседател на Советот на општина Охрид и член и секретар на општинската изборна комисија во Охрид во многу изборни циклуси – ’90, ’94, ’96, ’98, ’99, 2000, 2002 и 2005, откако не е веќе во изборните комисии.

-Ние имавме пример со МОСТ, велите ќе бидеме објективни – бидете објективни, СДСМ беше на власт и во МОСТ сите набљудувачи беа од СДСМ. Се што беше неправилност на избирачките места наблудувачите од МОСТ тврдеа дека немало никакви проблеми, рече тој.
Функционерот на опозициската партија вчера јавно го даде признанието дека набљудувачите од МОСТ биле од СДСМ.

Чингоски притоа признава дека во тоа време се вршеле притисоци и се фалсификувале избори.

-Знаеме како се гласало. Знаеме како се вршеле притисоци. Знаеме како се фалсификувало. Се сеќаваме и на Магнус, на тепањата, на кршењата кутии, рече Чингоски.

Финансиските извештаи кои се објавени на сајтот на МОСТ, покажуваат дека организацијата на Дарко Алексов, од 2010 до 2014 година, инкасирала неверојатни 4 милиони евра, од тие само во во 2014-тата кога мост инкасирале фантастични 1,3 милиони евра, додека извештајот за последната година сеуште е недостапен.

Овој човек на изборниот ден своите настапи ги најавува како неутрални, а организацијата како набљудувачка. Но, последните јавни настапи на Алексов каде неговите ставови речиси во целост се поклопуваат со оние на СДСМ и лидерот Заев, отвора сериозен основ на сомнеж дека МОСТ е само уште организација финансирана од Соросовата фондација.